(ВИДЕО) Жугиќ: На скопјани им е преку глава од примитивизмот на Шилегов

Од:

Петре Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ. Деновиве Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје јавно искажа говор на омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство, истакна Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфренција.

„Нервозата на Шилегов е очигледна, но навредите нема да ја сокријат неговата неработа и неспособност да ги решава проблемите на скопјани.

Од тоа што Шилегов не е веќе потпретседател на СДСМ, скопјани не добиваат апсолутно ништо. За да му тргне на Скопје, Шилегов треба да си поднесе оставка од градоначалник.

Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Шилегов мора да се извини, ова е последно предупредување пред поведување на постапка против него пред надлежните институции.

Скопје година и 7 месеци не виде ниту еден проект, ниту инвестиција. Во Скопје година и 7 месеци не се гради ама баш ништо. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, единствено што знае и прави е ширење на говор на омраза.

На скопјани им е преку глава од примитивизмот на Шилегов. Очигледно е дека освен говор на омраза и навреди Шилегов не знае за друго. Токму затоа наместо да се нарекува градоначалник и да не знае што прави треба да си поднесе оставка од градоначалничката функција и тоа час поскоро.

Шилегов треба да си поднесе оставка затоа што и во неговата партија велат дека тој е неспособен. Не може Шилегов да е неспособен за партијата, а да е добар за град Скопје.

Скопјани се незадоволни од работата на градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот на СДСМ, токму затоа оставка мора да поднесе оставка и тоа веднаш.“, заклучи Жукиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ