Денешниот протестен марш на средношколците кој започна пред Собранието, на својата маршута ја имаа и Владата, но средношколците таму не се задржаа долго, со свирежи, извици „Нема да ви помине“, „Доста беше молк“ и „Последна опомена“ промаршираа пред Владата покажувајќи жолти картони, предупредувајќи дека не може да бидат изманипулирани и излажани.
На маршот не учествуваат ученици од скопските гимназии „Никола Карев“ и „Георги Димитров“, каде вратите биле заклучени.
А.Б.