(ВИДЕО) Живковиќ: Оперативниот план за 2019 реализиран 98,6 отсто, се потврдуваат успешните политики на СДСМ

Од:

„Успешните политики на СДСМ директно влијаат на подобрување на животниот стандард на граѓаните и намалување на невработеноста.

Оперативниот план за вработување за 2019 година успеавме да го реализираме со огромни 98,6%. Тоа е резултат од добро осмислените програми и мерки, креирани во соработка со бизнис секторот.

Токму имплементацијата на Оперативниот план за вработување значително придонесе за намалувањето на невработеноста, која достигна историски најниска стапка од 17,1% и нови 60.000 работни места, пред се во реалниот сектор“, рече Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„За реализација на ОП за 2019 година, беа издвоени рекордни 1,3 милијарди денари, што е за 84% повисок износ во споредба со 2016-та година. Средства со кои директно се влијаеше кон зголемување на вработливоста на невработените лица, но и можност за формирање на нови компании, кои понатаму треба да отворат нови работни места.

Најголем дел од овие средства се за поттикнување на претриемништвото и креирање на нови микро компании, а оттука произлегуваат и други системски решенија како што е самовработувањето.

Преку Програмата за самовработување, во 2019 година, одобрени се 1.484 грантови, а притоа се формирани 1.320 микро компании. Од овие лица, 468 се млади луѓе, односно 36,8% од вкупниот број, додека 439 се жени.

Преку субвенционирањето на плати отворени се 1.383 нови работни места, додека со поддршка за вработување и раст на правни субјекти се придонесе за отворање на 621 работно место.

Уште една од мерките кои се дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, како мерка насочена исклучиво кон младите лица, а воедно претставува инвестиција во нивното знаење, доградба и преквалификација.

Младинската гаранција, како една од носечките европски иницијативи, иако нашата држава сеуште не е дел од ЕУ само во 2019 година , опфати над 20 илјади млади лица на територија на целата држава. Од нив вработени преку младинска гаранција се 6.004 лица. Особено позитивен ефект се бележи кај младите роми со вклученост од 1457 млади лица, а од нив 212 се веќе вработени во 2019 година.

Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите успеавме да ја намалиме на 35%, за споредба во 2016 и времето на ВМРО-ДПМНЕ тој процент беше 48,2%.

СДСМ продолжува и понатаму со политиките и мерките кои значат поддршка и на граѓаните но и реалниот бизнис сектор , преку нивна имплементација и реализација до намалување на невработеноста и задоволување на потребите во бизнис заедницата.

За СДСМ сите граѓани се важни. Затоа, на 12 април граѓаните ќе ги поддржат токму овие политики кои значат подобра иднина за сите граѓани“, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите