ВИДЕО: Жителите на Центар на нозе против одземање на нивниот простор

Од:

Жителите на Центар револтирани излегоа од своите станови во зградите спроти стариот Цветен пазар и не дозволија денеска да се огради паркинг просторот за за се изгради 29-метарска гаража.

Тие велат дека имаат платено за овој простор кога ги купиле становите, но општина Центар веќе го има продадено земјиштето на лицитација на новиот инвеститор.

„Овде сакаат да направат нов Кинески ѕид“, велат револтираните граѓани за А1он.

Сопственикот и инвеститор на гаражата им најавил на граѓаните дека друг ден со асистенција на полиција ќе дојде да постави ограда и да почне се градење.

Граѓаните велат дека нема да го дозволат ова и бараат стручно мислење од урбанисти бидејќи некои од нив велат дека зградите и паркингот се изградени на нивни парцели. Тие најавија дека ако треба и ќе дежураат и нема да дозволат да им се одземе местото.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он