(ВИДЕО) Жерновски:Тодоровиќ, по ваквата злоупотреба, дрскост е што барате нов мандат

Од:

На кандидатот за градоначалник за Центар, Андреј Жерновски, денеска му забранија, прес-конференцијата да ја одржи во комплексот Зебра, со образложение дека е во нечија приватна сопственост.

Анкетата која ја направиле покажува дека 87 проценти од граѓаните, Тодоровиќ ќе го запаметат по комплексот Зебра.

Наместо предвидените 13,5 метра, објектот израснува 15 метри, детското игралиште го снемува и се прави паркинг плац.Катната гаража прерасна во административен центар.

„Ова е невидено, катна гаража да има паркинг.Ја побарав документацијата, но недостасуваат некои документи. Зебра е класичен пример како се работеше во општина Центар во изминатите 4 години, и како нема да работи новата локална власт.Го повикувам на дуел и не доаѓа, и затоа вака ќе му порачам: Господине Тодоровиќ, по ваква класична злоупотреба во вашиот мандат, дрскост е барањето нов мандат “, рече Жерновски.

На обвинувањето на Тодоровиќ дека ќе се видат на суд, Жерновски одговара дека не е проблем каде сака таму ќе се видат, но побара Тодоровиќ да се потпише на црните летоци со навреди и клевети за него.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?