(ВИДЕО) Жерновски: Уставниот суд да ја забрани десеткатницата на Водно

Од:

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски вчера поднел иницијатива до Уставниот суд за да ја оцени законитоста и уставноста на одлуката на Советот на општината за спорните детални урбанистички планови, меѓу кои се ДУП-от Тасино Чешмиче 1 и Водно- Капиштец, кој дозволува изградба на десеткатницата на Водно, наречена „Водно резиденс“ и побарал нивно поништување.

– Согласно законските можности доставив известување до министерот за локална сампуправа со барање овие спорни одлуки да бидат забранети. За мене, за стручната јавност, па и за министерот за локална самоуправа овие детаслни урбанистички планови се нелегитимни, незаконски, противуставни, тие едноставно се ништовни. Аргументите се на моја страна, на страната на Општината и што е најважно се на страна на граѓаните на општина Центар, рече градонаќалникот Жерновски.

Граѓаните на општина Центар и од свое лично име ќе поднесат барања до Уставниот суд за поништување на контроверзните ДУП-ови.

– Од документите што ги презентирам јавно, се гледа дека е прекршен и Законот за локална самоуправа и Законот за просторно и урбанистичко планирање и Уставот на РМ и Деловникот и Статутот на Општина Центар и да не заборавиме дека начинот на кој што гчласаше Советот, со 11 за и 11 против и еден воздржан, само треба одлуката да ја направи повеќе од јасна, а тоа го потврди и стручната јавност дека тие одлуки на Советот се нелегитимни. Мислам дека се толку јасни повредите на овие закони што су отимист сум дека Уставниот суд ќе си ја заврши својата работа, рече Жерновски.

photo 1

По отвореното писмо што градоначалникот го упати до министерката Јанкуловска да го разреши инцидентот од минатата година кога општината беше каменувана и нападната, Жерновски вели дека по повеќе од една година – нема никакво известување.

-Министерката милува секогаш да дава брзи одговори, но овојпат нема одговор, а и нема што да се одговори затоа што е сосема јасно дека МВР тогаш кога сака и кога е потребно знае веднаш да ги пронајде сторителите, како кога беше каменувана Владата, за помалку од 8 часа ги најдоа сторителите, а овде им треба година и 2-3 месеци. Тука не сум оптимист, очигледно министерката не работи согласно уставот и законите, рече Жерновски.

photo 2 photo 3

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории