(ВИДЕО) Жерновски: Тодоровиќ нека одбере телевизија за да ги соочиме програмите и сработеното

Од:

Жителите на Центар имаат право да знаат каква е понудата од кандидатите, и да одлучат, затоа, Андреј Жерновски, кандидат за Центар од „Сојузот за иднината“, го кани противкандидатот Владимир Тодоровиќ на ТВ дебата. Му дава можност, Тодоровиќ да одбере термин и телевизија.

„Освен хаос, споменици и уништено зеленило, не видов дека нешто направил Тодоровиќ за Центар. Тој не одговара на прашањето дали во срцето на Центар во катната гаража ќе има простории и за Тинекс.

– Во неговата програма пред 4 години, ветил гасификација на Центар, истото веување го има и во програмата за овие избори.Тодоровиќ се однесува како да е нов кандидат за Центар, а не како 4 години да ја извршувал оваа функција.

– Го повикувам во исто време да одржиме прес конференции пред  Зебра и пред споменикот на Прометеј, за да каже што е, колу е потрошено за Скопје 2014“, рече Жерновски.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он