(ВИДЕО) Жерновски: Тодоровиќ ќе загуби поради срамот со африканските избори

Од:

Андреј Жерновски оди во втор круг за градоначалник на Центар, за како што рече да ја потврди победата која му била одземена со фалсификат во првиот круг.

Жерновски вели, голем срам се случи во Центар.

„Тодоровиќ блед и исплашен ми порача дека победата е мала и достижна. Таа не е мала, туку голема, се што можеа направија во првиот круг“, рече Жерновски.

Посочи дека Тодоровиќ испашен му порачал да не се плаши.

„Јас да се плашам или тој, јас кој го повикав на дуел или тој кој побегна, јас да се плашам кој немам дамка, или тој со се што направи за лична корист, јас да се плашам кој победив во првиот круг или тој кој загуби од народот“, праша Жерновски.


Посочи дека Тодоровиќ бил казнет во првиот круг за Зебра, зашто не го направил детското игралиште, за профиот од 16 милиони евра додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт, за собирање арач со паркинзите.

„Во вториот круг ќе загуби поради срамот со африканските избори во кои три дена се вртеа кутиите од Центар“, рече Жерновски.

Порача дека нема да влетуваат во сценариото на власта и со приговори да попушти концентрацијата на граѓаните. Сакаат и ќе добијат избори за две недели, рече Жерновски.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември