(ВИДЕО) Жерновски: Со нови фантомски гласачи, Тодоровиќ сака да го освојува Центар

Од:

На улица „Максим Горки“ каде што веќе имаше фантомски гласачи од Мала Преспа, вметнати се и граѓани од Република Македонија. Нови гласачи има од Прилеп, Гази Баба, Аеродром, Кавадарци, Свети Николе, Гевгелија, Кисела Вода, Гостивар, Бутел, Ѓорче Петров, Драчево и Чашка.

Како место на живеење им е посочена истата адреса каде веќе беа сместени новите жители со лични карти од Албанија. Во еден од становите имаше 60 жители од Мала Преспа.

Ново-доселени, со нови лични карти за гласање во вториот круг во општина Центар има сместено и во одзмениот стан на Ѓунер Исмаил од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

„И покрај фантомските гласачи во првиот круг, тие не победија. Ги канам жители на Центар на општа мобилизација. Вистинстите жители на Центар, а не од други држави и градови да го изберат градоначалникот на Центар.

– Ако сум јас шарлатан, како што ме обвинува Тодоровиќ, кој победи во првиот круг, што е Тодоровиќ, праша Жерновски.

Ако рекол дека има три стана , тогаш и Тодоровиќ ќе треба да се брани на суд.

Жерновски бара средба со министерката Јанкуловска за да и ги покаже овие списоци,и да ја праша дали ќе дозволи гласање на овие луѓе.

„И покрај ова ние ќе победиме во вториот круг“, рече Жерновски.

spisoci-28-mart spisoci-28-mart1 spisoci-28-mart2

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември