(ВИДЕО) Жерновски: Со Канцеларијата за млади подаваме рака до сите млади

Од:

Општина Центар, синоќа ја отвори Канцеларијата за млади, која ќе биде линк меѓу општината и младите, не само од Центар, туку и од цело Скопје.

Канцеларијата е сместена во самиот центар на градот, позади некогашна „Автомакедонија“. Вчера вечер, на едно место, се собраа луѓе од невладиниот сектор, од независната културна сцена, млади активисти, глумци и музичари, писатели и архитекти, советници и вработени во општина Центар.

opcentarKanc (2)

„Иван Јованов од Националниот младински совет, Горан Танески – МОФ и Александар Стојановски од иницијативниот одбор за локален младински совет –  Центар го искажаа задоволството од соработката и отвореноста на општина Центар и на градоначалникот Андреј Жерновски. Посочија дека ова ќе им служи на младите, дека ќе значи нивно обединување и поврзување без разлика на партиска припадност, националност или вера.

opcentarKanc (5)

Канцеларијата за млади, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски е место каде што од утре почнувате со работа и тоа слободно, како што им наликува на младите“, соопштуваат од Општина Центар.

opcentarKanc (1)

„Ние сме ваш сервис. Немаме никаква желба да се мешаме во вашата работа. Ветувам дека никој од општина Центар нема да се јави и да ви кажува што и како треба да работите, кој и зошто смее да дојде овде. Ние сме тука само да ви овозможиме услови за функционирање. Не е наша цел само да ја отвориме канцеларијата, туку овој објект треба да живее“, рече Жерновски.

opcentarKanc (3)

Жерновски ги повика сите млади од Скопје да ги приложат своите проекти и идеи за да се направи поубав живот за сите, особено за младите кои треба да останат во државата и да бидат нејзина движечка сила.

Општина Центар, вели Жерновски е секогаш тука за идеите и проектите на младите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар