(ВИДЕО) Жерновски: Со чист список и со фер правила Груевски знае дека не може да победи

Од:

Доколку се има вистинска желба, доволни се и шест месеци, за прочистување на избирачкиот список. Инаку со ваков список, не може да се оди на избори, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Тој потсети на локалните избори во Центар, кога граѓани од соседна држава, гласаа за градоначалник и советници во Центар, но рече, и на последните претседателски и парламентарни избори, повторно гласаа гласачи од Пустец.

„Најважна е волјата. Јас не гледам волја кај власта. Со чист список и со фер правила Груевски знае дека не може да победи.

На Груевски не му е важно до кога ќе остане. Варијантата на Груевски е само тој да остане, а по извештајот на Прибе тоа не смее да се случи. Мој став е дека Груевски веднаш треба да си замине. Главен мотив на Груевски не е нов мандат, туку да остане слободен“, изјави Жерновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните