(ВИДЕО) Жерновски: Шпански скали нема да се градат на плоштадот

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи изградба на Шпански скали на плоштадот и на катната гаража спроти Бристол, но признава дека е изгубена битка за парцелата поради која беа исечени дрвјата пред два дена.

За тоа, го обвини претходното раководство на Центар кое не го побарало земјиштето под владение на општината и советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласале за ваквиот ДУП, со што спред него се врши груба узурпација на општинското земјиште.

-Законскиот дел од работата е завршен пред да дојдам јас, тој ДУП беше донесен тогаш, пред изборите и целата работа е под надлежност на централната власт, односно Министерството за транспорт и врски. Јас сум лут на претходното раководство посебно на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои го гласаа овој план и затоа треба да одлучат-дали ќе ги бранат интересите на граѓаните или пак на Никола Груевски, рече Жерновски.

Тој кажа дека иако во ингеренција на власта е и катната гаража спроти Бристол, тој не дава дозвола за градба и не дозволува да никне уште еден објект во барок стил во зеленилото.

-Не е издадена дозвола за катната гаража, а има и некои недоследности, за сите други објекти се претходно издадени сите документи, уште пред изборите. И сега доколку не издадам дозвола за катната гаража, доколку се отстранат тие недоследности, треба да очекувам казна од 7 до 15 илјади евра од инспекциите, коментираше Жерновски.

-Ќе водиме сериозна битка за шпанските скали, кои се карикатури, бев обвинет дека заради мене не успаела лицитацијата, но јас нема да дозволам и нема да дадам одобрение за градба. Мора законистоста да се врати во Центар, и нема да служи за релаизација на она што го замислила Централната власт. Очекувам нова лицитација, но повторно ќе спречам реализација на проектот Шпанските скали, рече Жерновски.

Мнозинството на општина Центар не успеа да го донесе новиот ДУП, и за време но и после протестите на Веритас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар