(ВИДЕО) Жерновски: Се закануваат дека ќе ми ги одземат ингеренциите

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски предупреди дека власта можеби ќе му ги одземе ингеренциите, за да може да ги спроведат урбанистичките планови во центарот на Скопје.

Ова предупредување се однесува пред се и поради црвеното светло од Центар да помине планот за Мал ринг, каде што спаѓа и изградбата на Шпанските скали на скопскиот плоштад.

Жерновски рече дека на претпоследната седница паднаа три детално урбанистички планови, кои претходното раководство сакаше да ги донесе во предизборието.

-Ќе има посебна прес конференција на која ќе кажам што значи тоа за фасадата на ГТЦ, фасадата кај ЕВН, Шпанските скали. Очекувам опструкции од страна на владата, слушам ќе ми бидат одземени ингеренциите, доколку јас го направам тоа, ќе ми бидат одземени за да го довршат тоа што го наумиле. Спак, нема да ме спречи ништо да се борам против урбаната мафија. Овде во Центар никнуваат згради, знаеме дека еден спрат ќе биде доделен за јавна институција ама никој не кажува за кого се другите катови, рече Жерновски.

Според градоначалникот на Центар, во ноември детално ќе биде презентиран ревизорскиот извештај за Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар