(ВИДЕО) Жерновски: Обвинителството треба сериозно да се позанимава со Скопје 2014

Од:

Со ревизијата од која се гледа на кој начин се трошени парите, се покажа стравувањето дека целата постапка е незаконска. Овој проект треба да го види обвинителството, зашто очигледно има материјал со кој треба сериозно да се занимваат.

Државниот завод за ревизија одговори позитивно да влезат и да направат ревизија како се трошени парите во општина Центар, тие ќе влезат некаде во септември, така да овој материјал е одлична основа со што ќе можат да ја започнат својата работа, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по првиот извештај за Скопје 2014.

Според него, не е исклучено да недостасуваат докумнети.

-Имаше информации, дека се изнесувани по првиот изборен круг, тоа е една од задачите кои ги имаше и експертскиот тим, она што недостасува ќе се утрдува во втората фаза, која треба да заврши 6 месеци од денот кога почнаа да работат, рече Жерновски.

-Меѓународна независна ревизија е сериозна и многу скапа работа, но со неколку амбасади преговарам да добијам помош, она што се нарекува помош на транспаретно работење на институциите на државата. Се надевам ќе ја добијам таа помош, но и да не ја добијам ќе обезбедиме средства за да се разгледа детално материјалот за Скопје 2014, рече Жерновски.

Градоначалникот кажа дека екс антикорупционерите Тасева и Малиновски, општината ги плаѓа по 50 илјади денари месечно, што според него е реална цена за експерти кои работат на ваква проблематика и кои се признати и надвор од државава.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски