(ВИДЕО) Жерновски: Демолираните штабови зборуваат за нивниот страв

Од:

Пред четири години општина Центар беше прогласена за општина со најдобра и најмирна кампања. Тогашните противкандидати Тодоровиќ и Вујиќ, од Фуере добија награди.

Денеска во истата општина имаме четири демолирани штабови и тоа сите на кандидатот за градоначалник на Скопје, изјави Андреј Жерновски.

Ова, вели Жерновски, за жал е денешната слика на Центар и на Македонија.

„Ова сценарио е по повод вчерашната прес конференција на која што кажав дека мафијата по 24-ти март ќе треба да се збогува со општина Центар. Јас тврдам дека мојот мандат ќе биде чист, спротивно на 13-те години на Аларова и Тодоровиќ. Ова сценаро почна со безобразните лични навреди во прилог на Сител, а заврши со демолирањето на 4-те штаба“, изјави кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.


Жерновски посочи: Ако им е намера да не заплашат, се излажале. Ова зборува за нивниот страв. Жерновски ги повика граѓаните на Центар, масовно да излезат на гласање и конечно да дојде пролетта во Скопје.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме