(ВИДЕО) Жерновски: Има разлика, иста општина и претпријатие, а различни резултати и трошоци

Од:

Има разлика во работењето, вака градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски им се обрати на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на чиј предлог денеска се расправаше за работењето и платата на директорот на ЈП ПОЦ.

Праша, како може во времето на директорувањето на кадар од ВМРО – ДПМНЕ, претпријатието да биде со загуба од 200 илјади евра, а минатата година кога директор е Саша Богдановиќ да има добивка од 15 илјади евра.

„На прес кажувате едно, на седницата друго. Надвор организиравте насилие пред општината, а тука осудувате насилие. Јасна ми е паниката за Центар и овие трагикомични моменти. По она што го кажа директорот Богдановиќ апсолутно не ви е пријатно. За се други ви се виновни. Жерновски ви е виновен што на адвокатската улица се собирала геј популација. Седницава јасно покажа како работи ВМРО-ДПМНЕ и како ПОЦ, кој беше синоним за загубар пред локалните избори сега работи со добивка. Јасно е дека вам ПОЦ ви служеше за испумпување пари кои одеа во партиската општинска каса“, рече Жерновски.

Потсети дека ова раководство во првиот круг вети бесплатна паркинг карта. Тогашната директорка Маргарита Бакев, тогаш се исмеваше и велеше дека ќе настане хаос. Во вториот круг ја сменија реториката и се заложија за бесплатни паркинг карти.

Градоначалникот посочи дека во времето на ВМРО – ДПМНЕ месечно се плаќале по 233 илјади денари за телефони во ПОЦ во кои биле вклучени и телефоните на Коневски и на општинскиот комитет. Сега сметката е 80 илјади денари.

Во 2010 година за телефони во општина Центар се трошеле 4 милиони денари. Во 2014 година 2 милиони денари.

„Добро, што сте правеле? Во 2010 за службени патувања се потрошени 2 милиони и 500 илјади денари, а во 2015 година 64 илјади денари. Туристичка агенција од општина Центар сте направиле, па на патувањата и роднини и пријатели се носени. Се гледа кој е скапо платен тим. Ви благодарам што инициравте ваква седница бидејќи се виде разликата во работењето на ПОЦ и на општината. Иста општина, исто јавно претпријатие за паркинзи, различни трошоци и резултати“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски