ВИДЕО: Жерновски и 8-годишната Михаела го повлекоа првиот шаховски потег во новата аула во Ј.Х.Песталоци

Од:

Првиот потег на шаховското поле го повлекоа го повлекоа градоначалникот и трето-одделенката Михаела Зармановска, првак на РМ во шах до 8-годишна возраст.

Општина Центар на 70 годишнината од ослободувањето на Скопје, општината Центар свечено ги пушти во употреба реконструираната сала и аула во ОУ Ј.Х.Песталоци.

Нова аулата е во форма на шаховско поле со фигури.

„Со ова ја поттикнуваме желбата кај најмладите за играње шах. Над 300 деца се пријавија за шаховската лига во општина Центар, што е одличен број. И натаму, во општината која ја сакаме сите, продолжуваме со вложувања и развој“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Децата ќе можат да спортуваат и на нов, висококвалитетен дабов паркет, на површина од 365 м2.

OU Pestaloci (7)

Дека се работи за квалитетен паркет, денеска се уверија и младите кошаркарски надежи од училиштето и ѕвездите од КК Работнички.

Со ова, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја продолжуваме нашата грижа за развивање на спортсткиот дух кај децата, овозможувајќи им најдобри услови за спорт и рекреација.

OU Pestaloci (5)

На ликовниот конкурс, кој беше организиран по повод празникот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември, учествуваа ученици од основните училишта од територијата на општина Центар.

Првото место го освои Матеј Ванев од ОУ “Коле Неделковски“, второто и’ припадна на Ана Мијаличиќ од ОУ “Кочо Рацин“, а третото на нејзината соученичка Теа Јанковиќ.

OU Pestaloci (3)

Наградените добија пригодни подароци од градоначалникот, а како спомен на денешниот ден канцеларијата на градоначалникот ќе ја краси направена од рацете на учениците.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски