(ВИДЕО) Жерновски: Груевски има апсолутна власт и позитивна атмосфера за решение на прашањето за името

Од:

Актуелната политичка состојба, што значат потезите на опозицијата по предвремените парламентарни избори и која е стратегијата на дејствувањето на опозицијата, ова беа темите на повеќе од едночасовниот разговор меѓу градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и амбасадорот на САД, Н.Е. Пол Волерс.

На средбата посебно внимание било посветено и на значењето на идните чекои на опозицијата.

Zernovski - Volers (2)

“Од моја страна беше отворено прашањето – што мислеше премиерот на прес конференцијата и прославата по изборите и што значеше неговата порака дека сега целосно ќе се посвети на општина Центар, бидејќи ја сфатил пораката од граѓаните. Се надевам дека новата тактика на премиерот нема да биде продолжување на притисокот врз општина Центар, бидејќи ваквото дејствување носи штета не само за неговата партија, туку и за граѓаните на општина Центар“, изјави градоначалникот Жерновски по средбата со амбасадорот на САД, Волерс.

Жерновски не сакаше да ги коментира ставовите на Волерс, но посочи дека од страната на амбасадорот од САД немало мешање во одлуката на опозицијата за враќање на мандатите, ниту пак коментар за откажување од оваа одлука.
На средбата било истакнато дека секогаш е добро да се има опозиција која ќе го контролира работењето на владата, без разлика кој е на власт, а кој е опозиција.

САД и понатаму остануваат посветени на следење на случувањата во Р. Македонија.

“Ја очекуваме завршницата со конгресот на СДСМ, но опозицијата треба брзо да излезе со стратегија како натаму ќе се дејствува, бидејќи тоа го бараат сите во Р. Македонија. Опозицијата мора да има стратегија. ЛДП синоќа донесе одлука со 1 глас против и 3ца воздржани дека не ги прифаќаме мандатите. По конгресот на СДСМ следуваат разговори со нив, нашиот договор со СДСМ заврши. Беше потпишан договор за локални, претседателски и парламентарни избори. По конгресот ќе разговараме што тие размислуваат и како ние натаму ќе дејствуваме, но дефинитивно – тоа ќе биде опозициско дејствување“, рече Жерновски.

Како што посочи градоначалникот на општина Центар и лидер на ЛДП, секогаш е добро да се чуе дека САД ја поддржуваат Р. Македонија.

“Груевски доби апсолутна власт. Сега има и позитивна атмосфера околу него за решавање на прашањето за името. Опозицијата го поддржува во решавањето на ова прашање. По изборите во Грција очекуваме за ова прашање да има поместување од мртвата точка во која се наоѓа моментално“, изјави Жерновски.

Zernovski - Volers (1)

Zernovski (1)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории