(ВИДЕО) Жерновски: Досега има 670 барања за субвенционирање на нови велосипеди

Од:

Шестотини и седумдесет жители на Центар досега имаат поднесено барање за субвенционирање на велосипеди. Досега, на 350 од нив им се исплатени предвидените средства во висина од 30% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3000 денари.

Годинава се предвидени субвенции за 1111 велосипеди и ова значи продолжување на минатогодишниот пилот-проект „Цел Центар на точак“, кој се покажа како успешен поради големата заинтересираност.

Градоначалникот на општина Центар, на оние центарци кои покажаа дека навистина го сакаат велосипедот, сакаат поздрава животна средина и помалку метеж на сообраќајниците, им додели пригодни подароци.

Zernovski - 16.06 (2)

Жерновски ги повика жителите на Центар да ја искористат можноста, да аплицираат, да купат велосипед и да ги добијат предвидените средства од општината.

Zernovski - 16.06 (4)

„Акцијата „Цел Центар на точак“, која што ја спроведува општина Центар, е значајна. Со неа ја создаваме културата, важна е од аспект на сообраќајната култура и екологијата. Се радувам што голем дел и од малите сограѓани добија велосипеди. На општината и’ останува на споредните улици, кои се во надлежност на општината, да направи велосипедски патеки“, рече Жерновски.

Zernovski - 16.06 (7)

Жителите од Капиштец, се задоволни што го добија и паркот и детските игралишта кои, особено во овие летни денови, се пријатно место за забава и дружење.

Zernovski - 16.06 (10)

На барање на граѓаните од овој дел на Центар, вчера беа поставени и повеќе нови клупи.

Zernovski - 16.06 (13)

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек