(ВИДЕО) Жерновски: Ако одлучат центарци, судбината на спомениците ќе оди на референдум

Од:

Триумфалната капија не може да се премести, меѓутоа сите овие споменици што се на плоштадот, на територија на Општина Центар ќе мора да бидат подложни на промена доколку граѓаните на оваа општина тоа го одлучат, вели градоначалникот на Центар Андреј Жерновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој најавува дека во септември ќе одлучи дали ќе спроведе референдум во општината за спомениците од проектот Скопје 2014, откако ќе спроведе анкета меѓу граѓаните на Центар за овој мегаломански проект.

Во интервју за Радио Слободна Европа градоначалникот на Центар Андреј Жерновски вели дека постои можност да ја тестира волјата на Центарци за тоа што ќе се прави со спомениците на референдум. Жерновски вели дека тој никогаш немал намера да земе чекан во рака и да урива, но дека некои споменици може и да се преместат доколку граѓаните тоа го сакаат.

– Јасно ќе биде прашањето, што со спомениците итн. Е сега, веројатно Триумфалната капија не може да се премести, меѓутоа сите овие споменици што се на плоштадот, на територија на Општина Центар ќе мора да бидат подложни на промена доколку граѓаните на оваа општина тоа го одлучат, бидејќи тие се поставени во оваа општина. Не сакам да гледам себично од аспект на тоа само центарци да одлучат, меѓутоа, знаеме каде е загрозена целата територија и она што е јасно, што го ветив и што го дадов на знаење е дека нема повеќе да продолжи тој проект, не може да продолжи, затоа што додека сум јас тука нема да се усвојат ниту такви Детални урбанистички планови, ниту нови измислени споменици и гледаме дека сега се проширија надвор од Центар, па почнаа своите споменици од Скопје 2014 да ги носат во нивните општини, но во Центар тоа нема да се случи – вели Жерновски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории