(ВИДЕО) Жбогар: Напредокот на Македонија ќе се мери според имплементација на договорот од Пржино

Од:

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар истакна дека реформите бараат постојан дијалог меѓу власта и опозицијата, а напредокот на државата ќе се мери преку спроведувањето на реформите.

– Се радуваме на враќањето на опозицијата на пленарните седници за тие да можат активно да придонесуваат за европската агенда и прашањата кои се дел од неа. Она што се очекува е не само прилагодување и усвојување на легислативата туку и резултати и видливи промени. Напредокот ќе биде измерен според имплементација договорот од Пржино и итните реформски приоритети. Собранието има клучна улога во европската агенда и отчетноста на владата,Уште поважно е што улогата на собранието не е само да ги донесува законите туку и да дебатира за законите… за судството, за безбедносниот сектор, за изборите, поставувањето функционери, слушање на советите на амбасадорите и следење на препораките на Народниот правобранител, порача Жбогар.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ