(ВИДЕО) Зградата во Кисела Вода се изгради, соседите и понатаму спорат: Нова интервенција на полицијата, овој пат за потпорниот ѕид

Од:

Никако да завршат проблемите на семејството Ивановски со инвеститорот кој до нивната куќа крена зграда висока шест ката во скопска Кисела Вода. До нивната куќа се залепи станбена зграда, за која тие сè уште тврдат дека инвеститорот бесправно ја гради. Денеска се случила расправија помеѓу работниците на објектот и соседите, затоа што се обиделе да кренат ѕид кој ќе биде залепен до заедничкиот потпорен ѕид што ги дели двата објекта. Инвеститорот повикал полиција, на кратко било стопирано градењето, но подоцна пак продолжило. Сопствениците на лепенката велат за „ А1он“ дека потпорниот ѕид е нивен и не дозволуваат инвеститорот до него да крева друг ѕид. Тврдат и дека било донесено изречено решение за стопирање за градба, но и покрај тоа градежните работи се одвиваат.

„Денеска тие повикаа полиција, затоа што не им дозволуваме да креваат ѕид до нашиот. Не сме дале таква согласност и нема да го дозволиме тоа. Мавтаа со некој документ пред полицајците, но тоа не ни значи ништо. Целата ситуација од почетокот е сомнителна, добија дозвола, па им ја одземаа, па пак добија. Нема каде се немаме обратено, во Општината, во надлежните инспекции, па и до Антикорупциска комисија поднесовме претставка. Ова што се прави никаде го нема. Еве сега неговите тераси од зградата ми се во дворот, целосно сме опколени, а на крај сака да го сруши и нашиот потпорен ѕид за кој нема согласност и дозвола. Ќе го тераме случајот до крај и ќе докажеме дека овој објект се изгради бесправно. Згора на тоа ниту заштитната ограда не им се поставена како што треба, кај нас паѓаа цигли, малтер, бетон, ќе удри некого по глава, некој ќе настрада“, вели Силвана Ивановска, една од сопствениците на куќата лепенка до станбената зграда.

Од Општината Кисела Вода велат дека нема решение со кое се стопира градењето на овој објект. Повторија дека за сите документи за овој објект се во согласност со законот, а неколку пати и општинските инспекции извршиле контрола и не нашле никакви неправилности. Настанатата штета направена во текот на градењето инвеститорот ќе ја покрие , за што има издадено решение со кое се обврзува дека тоа ќе го стори.

„Инвеститорот ги има сите потребни дозволи за градење, извршени се инспекциски надзори и постојано се следи работата на терен и не се утврдени неправилности. Оштетената страна , во овој случај ќе прими надомест на штета, за што самиот инвеститор се обврза со решение кое е дел од приложената документација. Ние како општина не сме надлежни да утврдуваме сопственост на земјиште и имотно правни односи, за што се жалеа соседите до зградата што се гради на улицата Димо Хаџи Димов. Им посочивме дека нивните права може да си ги бараат кај надлежните институции , а доколку сметаат дека нешто бесправно им е одземено, да покренат и судска постапка. “, информираат од Општината.

Инаку, изградбата на овој објект од самиот старт се одвива во тензична атмосфера, при што сопствениците на лепенката не дозволуваа багерите да почнат со работа. Во неколку наврати викаа полиција и надлежни инспекции со цел да го спречат започнувањето на градежните работи. Ивановска, која од почетокот на изградбата тврди дека објектот се гради со фалсификат документи, тогаш се онесвести, а интервенираше и медицинска екипа од брза помош. Тие тврдеа дека земјиштето на кое се гради им е бесправно одземено и дека објектот не треба да се изгради.

Но, според надлежните, инвеститорот ја има целата документација која покажува дека градењето се одвива според закон.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода