(ВИДЕО) Зендели: Предлог законот e унапредување на албанскиот јазик, но не и официјализирање

Од:

На Комисијата за европски прашања се обрати Фадил Зендели од БЕСА, кој рече дека законот треба да биде сеопфатен, што не го гледа во овој предлог.

– Предлог законот е унапредување, но не и официјализирање. Сите заедно треба да се однесуваме одговорно. Мултиетничкото општество треба да биде и мултиетничка држава како што предвидува Охридскиот рамковен договор. Шеснаесет години по потпишување ние се уште расправаме.

За жал, ќе расправаме и понатаму зашто овој предлог закон не го опфаќа тоа. Ние само го унапредуваме албанскиот јазик, но не го официјализираме на територијата на целата држава, изјави Зендели.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова