(ВИДЕО) Земјоделецот кој го зеде доменот zbogumnikola.mk е вработен во МАРнет

Од:

Кражбата на доменот zbogumnikola.mk е извршена од страна на МАРнет каде што е вработен индивидуалниот земјоделец Новак Новаков од Велес.

Ова на прес конференција го кажа дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација кој повторно посочи дека преку ноќ доменот кој бил во сопственост на СДСМ, MARnet го регистрирал на името на индивидуалниот земјоделец Новаков.

-Новак Новаков од Велес е вработен во МАРнет, а zbogumnikola.mk е регистриран на Новакови, индивидуален земјоделец од Велес. Откако СДСМ доби потврда за купување на доменот, нецели 24часа подоцна се појавил извесен Новаков индивидуален земјоделец од Велес кој преку приватен регистрар побарал од МАРнет да го купи доменот zbogumnikola.mk и експресно го добил. Текот на случајот покажува дека откако е направена кражбата на доменот преку Новакови, од МАРнет направиле пререгистрација на доменот на име на непостоечка фирма СОЛЕ ПРОМ. Ден по нашата прес конференција кога на МАРнет им стана јасно дека неможат да се извлечат од скандалот доменот е пререгистриран на трето лице. На извесен Ванчо Петрушевски од село Добри Дол, рече Кирацовски кој покажа документи како доказ за неговото тврдење.Според него додека МАРнет со соопштение негираше дека го украл доменот од СДСМ истовремено го префрлале доменот од Новаков преку СОЛЕ на Ванчо.

-Власта на Груевски мислеше дека ако го украде доменот zbogumnikola.mk ќе се спаси од информациите за нивните злодела. Овој случај ја потврдува дрската партизираност на системот на Груевски што работи како машинерија за пари на фамилијата а не за интересот на граѓаните, рече Кирацовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања