(ВИДЕО) Зеќири: За еден месец имаме историска можност да обезбедиме европска иднина на земјата

Од:

„За еден месец имаме историска можност да ја обезбедиме европската иднина на нашата заедничка татковина, како рамноправен дел од ЕУ и НАТО.

Со влезот во НАТО остваруваме стратешки интерес – Македонија да биде дел од демократскиот развиен свет, рамноправен член на најмоќните светски сојузи.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на граѓаните и трајна заштита на границите.Пристапниот процес за членство во ЕУ значи економски развој, и зацврстување на правната држава“, рече Мухамед Зеќири, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија.

„Нашето членство во НАТО и ЕУ обезбедува повеќе пари, размена на искуства, полесен пристап до нови знаења и технологии. Со членството значи и зголемена стабилност и доверба во македонската економија. Тоа значи повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.

Во изминативе 6 месеци, имавме рекордно остварени инвестиции. Странските директни инвестиции достигнаа 327 милиони евра за шест месеци. Вицепремиерот Анѓушев вели дека тоа е за 218 проценти повеќе од просекот во последните три години. Инаку лани за целата година вкупни странски инвестиции изнесуваа 227 милиони евра.

Овој позитивен развој се должи на економските политики на Владата, како и на издадената покана за члество во НАТО, и најавата за почеток на пристапните преговори за ЕУ.

Затоа, како одговорни граѓани кои се посветени на доброто за нашата држава, потребно е да се обединиме околу најважното прашање. Да ја искористиме оваа историска шанса. На 30 септември да заокружиме ЗА влез во НАТО и ЕУ, да заокружиме ЗА европска Македонија“, изјави Мухамед Зеќири, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО