(ВИДЕО) Здравковски: Под палката на Љупчо Николовски е спроведен најголемиот поткуп на гласачи

Од:

„Љупчо Николовски е човекот од позадина на Зоран Заев, генерален секретар на СДСМ, кој ги организирал сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп, тој не е лицето кое може да биде вицепремиер за борба против корупцијата.

Под палката на Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ е спроведен најголемиот поткуп во независна Македонија каде дури една милијарда евра кои владата ги зема како заем и кои граѓаните ќе треба да ги враќаат се потрошија на купување на гласови“, рече Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Николовски беше министер за земјоделие му се случи најголемата криминална проневера на пари во тој сектор. Имено во период од 21.09.2017 година до 01.10.2018 година, Кире Неделковски, партиски активист на СДСМ и човек близок до Николовски и Заев проневерил цели 300.000 евра пари на тутунарите од Сојузот на тутунари. Тутунарите реагирале и со писмо поткрепено со документи и факти го известиле и Зоран Заев и Љупчо Николовски, како тогашен министер за земјоделие, но реакција немало.

Кире Неделковски не само што шета на слобода, туку и е унапреден од страна на оваа власт и именуван за член на УО на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието.

Љупчо Николовски не се справи со корупцијата и криминалот во министерството со кое раководеше, оттука не може ниту да очекуваме дека ќе се справи со корупцијата и криминалот во целата држава, напротив тој ќе го унапреди!

Николовски ниту како генерален секретар не ги почитуваше законите. Во ек на корона кризата, кога цело Скопје беше затворено со одлука на владата на СДСМ и ставено во карантин на 6 и 7 јуни, тој избега од градот, исто како и неговите сопартијци Шекеринска и Шилегов и отиде во Берово, каде немаше 72 часовен карантин како што беше случајот во Скопје.

Низ текот на неговата кариера ќе го пратат најголемите лаги упатени кон земјоделците. Тој и Зоран Заев ветуваа сигурен откуп и високи откупни цени, а веќе четврта година како се на власт, ниту сигурен откуп има, ниту повисоки откупни цени.

Љупчо Николовски го упропасти македонското земјоделие, а сега е на ред да ја упропасти и целата држава.

Ова не се нови кадри, ова се старите истрошени кадри на СДСМ, со конекции со транзицијата“, изјави Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски