(ВИДЕО) Здравковски до Царовска: Со укинувањето на печатените учебници ја спроведувате најголемата социјална поделба во Македонија

Од:

„Министерката Мила Царовска, со укинување на печатените учебници и воведување на дигитални, ја спроведува најдлабоката социјална поделба и дискриминација во последните години во Република Македонија. Таа ја вади на површина сета лага наречена „Едно општество за сите“.

Со оглед на тоа дека и самата Царовска кажува дека 1.300 ученици немаат струја, стотици ученици учат алтернативно, на телевизија и со земање печатени материјали од училиштата, стотици немаат уреди за следење на онлајн настава, таа треба да е сосема свесна дека околу 25.000 ученици остануваат на милост и немилост на судбината и финансиската немоќ на нивните родители, од проста причина што овие ученици се припадници на најранливите категории на граѓани“, рече Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Учебниците наместо МОН, според Царовска, ќе треба да ги печатат училиштата, кои од задолжените општини не можат да обезбедат финансии ниту за најосновните потреби, па оттука учебниците ќе паднат на товар на родителите. На оние истите родители кои немаат струја, немаат интернет, а не пак компјутер за своите деца.

Образованието веќе нема да биде бесплатно, а социјалната нееднаквост меѓу учениците ќе се зголемува, со тоа и нерамноправноста и булингот, кој и онака е присутен во нашите училишта. Впрочем, видовте што се случуваше овие денови во Велес.

Без печатени учебници се врши нехуман експеримент врз идните генерации на Македонија и во превез на модернизација се спроведува разрушување на и онака кревкото образование.

Без КНИГА, без класична печатена КНИГА нема вовед во знаење и љубов кон знаењето, ниту пак ќе имаме успешно образование. Таа постои и во оние најмодерни земји во кои дигиталната книга е опција и за учење и за читање. За нашата Македонија КНИГАТА е насушна потреба и неа нема право никој да му ја одземе.

Нема право таа да ни ги осакатува децата, ниту пак Владата, со никакви наводно модерни, а всушност лажни реформи, со трошење на туѓи пари.

Ја прашуваме министерката дали под превезот на модернизацијата, покрај тоа што ги укинува и историјата, македонскиот јазик, народното творештво, културното наследство, ги укинува и учебниците, со што без пишана трага на хартија ќе биде многу полесно да се уништи и целиот образовен систем и идентитетот на идните генерации“, изјави Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик