Здравко Коцев: Еве ги делата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“, Здравко Коцев, денес преку две прес конференции укажа на негрижата на актуелните локални власти за тековните комунални проблеми во градот.

Двете локации од кои се обрати Коцев, според него, претставуваат вистинска опасност за здравјето на граѓаните на Штип.

„Денес ве повикавме за да ви ги покажеме делата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие преку 32 билборди на кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо Захариев, повикуваат да ги видиме нивните дела. Епа еве ги нивните дела“, изјави Коцев од центарот на градот, посочувајќи на фекалните води што истекуваат во река Отиња.

Втората локација од која се обрати Коцев е населбата Дуизлак, каде што од поројните дождови што го зафатија Штип се создаде басен со атмосферски води, кој наликува на мочуриште.

„Наместо носителот на советничката листа, Никола Мицевски, актуелниот градоначалник, Зоранчо Алексов, и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев да се зафатат со решавање на овие проблеми, ним им е полесно да се сликаат за плакати“, додаде Здравко Коцев во своето обраќање од населбата Дуизлак.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ