ВИДЕО: Збогум Зврлевски – Посмртен венец за Обвинителство

Од:

Заради неразрешените дури 6 напади врз ЛГБТИ центарот при Хелсиншкиот комитет, активистите денеска прогласија мораториум на Основното јавно обвинителство, прекинување на секаква соработка и поставија посмртен венец за работењето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, за да го искажат револтот поради неразрешените случаи на брутални напади кои се случија во изминатите 3 години.

– Од тие напади, 5 случаи воопшто не се разрешени, а еден е се уште во судска процедура. Сторителите кои се снимени на безбедносните видео камери, не се изведени пред лицето на правдата, а знаеме дека и на оваа институција и останатите им се познати бандите што го напаѓаат ЛГБТ центарот, рече Билјана Гинова, активист.

Центарот за поддршка за помалку од 3 години беше каменуван, опожаруван, на него беа испишувани кукасти крстови и напишан зборот „Тремити“ кој всушност е осторвот каде во времето на фашистичка Италија се носеле хомосексуалците.

Во овој центар досега се повредени десетици активисти и поддржувачи.

– Заради неразрешувањето на овие случаи, илјадници граѓани на оваа држава се уште живеат во страв, затоа што се уште можат во кое било време да бидат нападнати и тој случај да не биде разрешен, затоа што ниеден претходен случај не е разрешен. Дури и вчера на лезбејкскиот пикник добивме многу закани, имаше повикување на насилство врз нас и настанот, за жал, заврши порано од планираното заради страв да не се случи насилство. Тоа мора да запре. Ние протестиравме, поднесовме кривични пријави, прашувавме до каде е истрагата и единствениот одговор беше дека е кратко времето. Но, тоа не е точно. Поминаа точно 2 години и 9 месеци од првиот и 9 месеци од последниот напад и тоа е сосема доволно да се најдат сторителите, кои впрочем се снимени на видео камера. Затоа, Ние Јавното основно обвинителство не го признаваме за легитимно, од денеска, за нас, тоа е политички мртво и прогласуваме мораториум, рече Гинова.

Активистите поставија венец покрај влезот на Обвинителство и покрај него натпис „Збогум Зврлевски“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај