(ВИДЕО) Затворениците во Тетово имаат базен – пливање, сончање, како на одмор

Од:

Затворениците во Тетовскиот затвор уживаат како на годишен одмор. Директорот на затворот самиот објави фотографии на социјалните мрежи со наслов

„И оваа година во затворот во Тетово е отворена летната сезона“

Ова е втора година како затворениците уживаат во водени лудории во монтажниот базен во затворот, а според објавите на директорот веќе е отворена и оваа летна сезона и базенот повторно се користи.

Објавено е и видео, на кое се гледа како затворениците пливаат, скокаат во базенот, се сончаат. Сепак директорот на затворот Ќефаил Хавзију во објавата вели дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку да ги утешат членовите на семејствата.

„Овие објави не ги правиме за рекламирање и за да намамиме некого дека вака е добро во затвор, далеку од тоа мислење, туку за да ги утешиме членовите на семејството дека секторот за ресоцијализација работи секојдневно со нивните роднини, со едукативни методи кои ќе им помогнат да се подготвени и ресоцијализирани, и да продолжат со нормалниот живот со своите семејства кога ќе ја напуштат оваа институција.“, вели Хавзију во објавата.

Тој додава дека освен базенот се организираат и разни други часови, спортски игри и натпревари.

Осудените лица кои казните ги отслужуваат во тетовскиот затвор, во рамки на програмата за ресоцијализација може и да спортуваат, односно да играат фудбал, кошарка, шах. Како дел од забавните активности предвидени се концерти и гледање филмови.

Тој вели дека е важно да се покаже дека осудените не само што се казнуваат, туку дека се почитуваат нивните законски права, но и дека вработените во затворската ресоцијализација работат со нив за да се покајат за направените грешки и да не бидат повеќе повторувачи/сторители на кривични дела.

„ Бидејќи во животот секој може да згреши“, напиша Хавзију на крајот од објавата.

 

 

Би можело да ве интересира

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје