ВИДЕО: Затвореници ја уривале бараката чиј оџак усмрти еден човек

Од:

Работниците кои ги уриваа бараките на Јужен Булевар каде при пад на оџак загина случаен минувач всушност се затвореници од КПД Идризово.

А1он побара одговор од директорот на КПД Идризово, Живко Пејковски што барале и зошто затворениците се користат за уривање на бараки во центарот на Скопје.

– Имавме наредба да ги извадиме прозорите и други делови од бараките за потребите на затворот во Идризово, рече Пејковски по што потврди дека затвореници ги рушеле бараките.

Градежните зафати се под ингеренции на Град Скопје, од каде што не успеавме да добиеме одговор по чија наредба се ангажирани затвореници да ги уриваат бараките со што усмртија еден човек и кој ќе ја поднесе одговорноста за одземениот живот.

Од општина Центар посочија дека овие градежни зафати се под надлежност на град скопје и прашуваат кој од Службата за заеднички работи на Владата го издал налогот за отстранување на бараките и за ангажирање на работниците.

Според сознанија на А1он затворениците биле користени 2 месеци на работа на бараките, прво ја отстранувале лимаријата, потоа прозорците, за денеска да го направат инцидентот со оџакот.

50 годишниот човек настрадал во моментот кога затворениците ги демонтирале бараките при што урнале оџак кој паднал дирекно врз неговата глава.

На ова место според урбанистичкиот план на Град Скопје треба да се гради кружен тек.

Затворениците, од демонтираната барака ги однеле прозорците за потребите на затворот Идризово.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ