(ВИДЕО) Затуроска: Анѓушев прави заштита на своите бизнис интереси или лична заштеда на 233 илјади евра

Од:

„Анѓушев со цел да не претрпи загубa од 233 илјади евра се откажува од тендерот за набавка на струја со државната МЕПСО. За толку државата сега ќе треба да плати поскапа струја, пари кои ќе можеше да се вложат во проекти од интерес на граѓаните.

Она што сака тендерашот Анѓушев да го прикаже за голема великодушност во раскинување на тендерот, всушност е заштита на своите бизнис интереси или лична заштеда на 233 илјади евра.

Фирмата на Анѓушев имала склучен договор за набавка на електрична енергија со МЕПСО во период кога нејзината цена изнесувала 39.65 евра за мегават час, додека сега истата изнесува 60.14 евра за мегават час. Анѓушев не сакајќи да го намали профитот и имајќи ја во предвид неисплатливоста за набавка на струја особено по порастот на цената на електричната енергија го раскина договорот со МЕПСО.

Анѓушев со овој свој чекор ја оштети државата за 233 илјади евра, односно тоа е сумата која ќе ја заштеди, а ќе треба државата да ја плати.

Дополнително загрижува фактот што ЕЛЕМ распиша тендер за набавка на електрична енергија во висина од 2 милиони евра, по висока цена, уште еден внесен бизнис кој е можно да заврши во рацете на моќниците на власта.

Дали можеби фирмата на Анѓушев утре ќе се јави како добавувач на скапа струја за државната ЕЛЕМ за да прокнижи голема добивка на тендерот во вредност од 2 милиони евра?

Ова е огромно лицемерие. Анѓушев заштедува, а државата плаќа. Ова е начинот на кој работи владата на СДС. На ова расипништво мора да му дојде крај. Граѓаните заслужуваат подобро“, изјави Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела