(ВИДЕО) Започнува кампањата Сина Панделка – 16 дена женски активизам

Од:

Денеска, на меѓународниот ден на ООН за елиминација на насилството врз жените, го креваме гласот против сите форми на родово базирано насилство. Ние, жените членки на СДСМ во соработка со граѓанските невладини организации започнуваме кампања под мотото Сина Панделка – 16 дена женски активизам, вели Цветанка Ласкова, Координаторка на Форум на жени на СДСМ.

Ве покануваме да се приклучите и земете учество на отворените трибини ширум Македонија. Повелете во Куманово, на тема Женскиот активизам и борбата против родово базираното насилство.

Во Штип, на тема Правата на жените работнички – наша најголема грижа

Во Кавадарци, на тема Алкохолизмот и дрогата како причина за семејното насилство

Во Битола, на тема психичко вознемирување на работно место (мобинг)

Во Гостивар, на тема родовиот аспект на трговија со луѓе

Во Гевгелија, на тема Родовиот пристап во поддршката и помошта на бегалците

Во Скопје на завршната конференција ќе зборуваме за ратификација на конвенцијата за заштита од сите форми на насилство врз жените (Истанбулска Конвенција) на која ќе говори и претседателката на ПЕС Жени (Партија на европските социјалисти), Зита Гурмаи.

Нашата визија за Македонија е:

– Земја во која сите жени и мажи ќе ги уживаат основните човекови права

– Земја на еднакви можности и еднаков третман на сите граѓани без разлика на полот на кој припаѓаат

– Земја со нулта толеранција на родово базираното насилство

– Македонија, едно општество за сите.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците