ВИДЕО: Запленетите канти со боја, водени пиштоли и катапулти од пикапот на „Шарената револуција“

Од:

Канти со боја, водени пиштоли, катапулти и други средства кои ги користат демонстрантите за бојадисување објекти во Скопје, биле запленети синоќа при пртересот на комбето на „Шарената револуција, соопштуваат од МВР.

Претресот бил направен поради основи за сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.

Возачот на комбето беше уапсен по протестот во полициската станица во Кисела Вода и беше пуштен во два часот по полноќ.

„При преглед во возилото биле пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литра, девет канти со боја од литар, 11 спреја во разни бои, две валјака за бојадисување, поголем број водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти) како и други предмети кои се предмет на кривично дело по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Со лицето е извршен разговор во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ по што истиот е пуштен на слобода“, соопштуваат од МВР.

Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на настанот против возачот ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он