(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2.014 килограми сув цвет од растението канабис.

„Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.
Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции