ВИДЕО: Запленети 35 килограми режан тутун и 2000 кутии цигари

Од:

Царинската управа на Република Северна Македонија и Пазарната инспекција, во акција против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи низ пазарите во неколку града низ државата, претходно Скопје и Битола и денеска Тетово заплени режан тутун 69 кутии по 500 грама или вкупно 34,5 килограми и 2156 кутии цигари односно 43.120 парчиња цигари, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Предмет на акцијата, како што информираат од Царинската управа, е контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

-Оваа акција е дел од редовните контроли, што ги најавивме претходно. Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра. На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин. На овие производи не е познат составот, потеклото, начинот на производство и нивно чување. Во оваа акција пронајдени се производи за кои допрва ќе се испитува составот кој според првите проценки има мал процент тутун и истиот во пакувања од половина килограм кои не постојат како производ. Против сторителите, како и досега, така и понатаму ќе се преземаат најстроги санкции со цел спречување на оваа појава, наведуваат од Царина.

Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22 отсто во вкупните даноци што ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 отсто, од кои над пет отсто се од цигари и тутунски производи. Како што стои во соопштението, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата. Со акциите за сузбивање на нелегалната трговија со акцизни добра, се штити и легалното производството и лиценцираните производители.

Би можело да ве интересира

Полицаец барал 50 евра мито за пасош: „Знаете дека ние не се трудиме џабе”

Катерина Ѓуровски

Нова жртва на телефонската измама со сообраќајка: на скопјанка и зеле 130 илјади денари

Катерина Ѓуровски

72-годишен битолчанец се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити: Со хебла ја удирал вработената

Катерина Ѓуровски

Тешко повреден 17-годишник во Битола, возачот кој го удрил избегал

Автобус на ЈСП удри старец, состојбата му е критична

Телото на исчезнатиот 77-годишен велешанец пронајдено во близина на ТИРЗ Штип

Катерина Ѓуровски