(ВИДЕО) Захариева: Очигледно Петков се заложил да го тргне ветото без да се исполнат обврските

Од:

Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Северна Македонија. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да се исполнат обврските.

Ова за БНТ го изјави пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Захариева појасни дека овие наводи не се нејзини, туку се изнесени лично од актуелната министерка Генчовска.

Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став, рече Екатерина Захариева.

Направивме апсолутно се’ што е можно, рече Захариева на прашањето дали како министерка направила се’ за да го објасни ставот на Бугарија.

„Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на Северна Македонија. Бугарија не можела да објасни – напротив! Не треба да изгледаме како ситен историски реваншист. Тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутно лажната историја, проблемот е што тоа создава омраза кон соседна земја. Земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, не ги почитува нормалните човекови права“, рече Захариева.

Додаде дека Бугарија мора да зборува во ист глас со своите европски партнери, и ја повика Владата прво да научи да зборува со еден глас во коалицијата.

Би можело да ве интересира

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас