(ВИДЕО) Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ

Од:

Сега е време да се препознае моментот земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето на посилна ЕУ, порача премиерот Зоран Заев денеска од Софија каде што учествуваше на меѓународната конференција „Демократија што испорачува: Откочување на потенцијалите на Западен Балкан десет години подоцна“.

На конференцијата, на која Заев беше поканет од фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организациите Центар за студии по демократија и Европски фонд за Балканот, потсети дека граѓаните во Македонија срушиле авторитарен режим со пенкало на избори и со решителна волја за враќање на демократијата.

– Успеавме да го направиме она што честопати се стремат да го направат многу земји ширум светот, но ретко успева, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека надминувањето на кризата било само половина од приказната.

Тој додаде дека е создаден систем на добро владеење којшто се заснова на четири столба, а се осврна и на доброседските односи со државите од регионот.

– Донесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог за решавање на проблемите. Градиме мостови за соработка врз основа на взаемна доверба и почит, и постојано инсистираме да се оствари победа-победа за сите билатерални прашања, нагласи Заев, додавајќи дека во тој дух се остваруваат и разговорите со Грција околу спорот со името и дека се во многу напредна фаза.

Заев го афирмираше ставот дека Македонија нема алтернатива за полноправното членство во ЕУ и НАТО и оти амбицијата на државата е покана за влез во НАТО и започнување на преговори за пристап со ЕУ во 2018 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски