(ВИДЕО) Заев за обвинувањата од Груевски: Нека ти е на чест и Бог нека ти прости

Од:

Градоначалникот на Струмица и кандидат за трет мандат Зоран Заев, на барање на новинарите, денеска одговори на обвинувањата што на негова адреса ги испорачаа премиерот Груевски и кандидатот за градоначалник на владеачката ВМРО ДПМНЕ Васил Пишев, на митингот во Струмица.

Не ми е чудно за кандидатот за градоначалник вакви обвинувања да зборува, но за премиерот, човекот кој што ја води најкриминалната влада во Европа да зборува за криминали на Заев, а при тоа седум години под негова контрола да се сите органи на прогонот, човекот кој економски и финансиски ја уништи Република Македонија да зборува за големиот буџет на Струмица и финансиски нерационалното трошење, да стои на овој огромен плоштад на две нивоа, кој што чини помалку од една од помалите скулптури во Скопје и да зборува за неразумно и нерационално трошење на Заев, апсолутно не кажува ништо друго, освен дека овој човек кој што е премиер на земјава да зборува такви гнаси, да зборува со толку лаги, со толку измислици, да кажува толку лоши зборови, не му личи.

Тоа покажува само едно, дека тој почнува да пати од тоа што му се случува во цела Република Македонија, а најверојатно на осознавањето на резултатот што ќе му се случи нему и на неговата партија во Струмица почнува да се однесува како алтроист, односно аутист. Мислам дека не доликува на личност кој што претставува премиер на државата, мој премиер и премиер на граѓаните на Република Македонија, заради тоа мислам дека оваа кампања ги помина сите нивоа и нека му е на чест. Вчера беше прочка, се надевам дека граѓаните и бог ќе му простат на сите недолични зборови кои што ги употреби овде, на овој струмички плоштад, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618