(ВИДЕО) Заев во Тетово: Го враќаме спортот во училиштата

Од:

Човечкото општество е изградено врз основа на принципот на натпреварот помеѓу поединци и меѓу општества – рече Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на денешното отворање на Гимназијадата во Тетово.

Поздравувајќи ги присутните ученици од повеќе средни школи во Македонија, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пратеници, спортисти и спортски работници, тој додаде дека и заложбите на Владата на Република македонија во градењето едно општество за сите, се во духот на спортското кредо, повисоко, подалеку, побрзо, посилно.

Тој нагласи дека Владата останува посветена на зачувување на здравјето на граѓаните од сите возрасти, социјални групи и средини, преку активно унапредување и збогатување на спортските политики.

Премиерот исто така истакна дека во рамки на владините заложби се дава системската поддршка на спортот од страна на државата за обезбедување достоинствени услови за живот и работа на спортистите и спортските работници, и затоа, како што рече тој, училиштата се од исклучителна важност во инвестирањето за спортувањето како начин на живот, во Република Македонија.

„Владата создава услови за зголемен број на часови по спорт во основните и во средните училишта. Го враќаме спортот во училиштата со креирање спортски систем со кој ќе се започне со натпревари и активности од класните и меѓу-класните натпревари во училиштата, завршувајќи со национален систем на натпревари со учество на училишни победници и репрезентации од секоја општина, во сите степени од образованието. Ги поддржуваме и Националните спортски федерации во креирањето современ, национален систем на натпревари“, рече премиерот Заев.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт во своето обраќање на отворањето на гимназијадата рече дека училишните средини се најпогодно место за развој на спортот од аспект на масовност и од аспект на квалитет.

„Агенцијата за млади и спорт во своите определби се насочува кон безрезервна поддршка на училишниот спорт со цел да се овозможи масовно учество во спортот на учениците од сите возрасти, од сите социјални групи без оглед на етничката и верската припадност“, рече Каевски.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, поздравувајќи ги организаторите и учесниците, во својот говор истакна дека уште од времето на античка Грција идејата за учењето била баланс помеѓу интелектуалната и физичката сила.

„Тоа балансирање, помеѓу интелектуалната и физичката сила, е она што цивилизацијата ја прави цивилизација, и токму поради тоа ова е многу важна активност на која ни е чест што сме домаќини“, рече пред присутните градоначалничката Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Тетовчанка е измамена за речиси 2.000 евра од државјанин на Косово

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски