(ВИДЕО) Заев: Владата заедно со општините ги решава проблемите на комуналните претпријатија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на работна средба со генералните директори на комунални претпријатија во организација на Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ.

На работната средба директорите на комунални претпријатија и премиерот разговараа за многубројните проблеми со кои се соочуваат комуналните претпријатија. Премиерот Заев ја акцентираше подготвеноста на Владата на Република Македонија заедно со општините да ги решава напластените проблеми, во интерес на граѓаните и подобро функционирање на претпријатијата.

Премиерот Заев го истакна зголемувањето на финансиската помош од страна на Владата, како еден механизам, преку слевање на повеќе пари, да се решат одредени проблеми околу функционирањето на претпријатијата на локално ниво.

„За наредната година со основниот буџет, којшто е на дебата, определивме 938 милиони денари дополнителни пари за основните, средните училишта и детските градинки. И најголем дел од тие пари се повторно за чистење долгови. Уште 200 милиони денари со репрограмирање ставивме за тие ставки на децентрализација. Целта е со едни пари кои ќе извртат насекаде да ги олесниме поголем дел од институциите. Школите сакаат да си платат, но немаат пари, комуналните претпријатија сакаат да си ги платат обврските. Така да преку овој механизам ќе се вбризгаат повеќе пари кај комуналните претпријатија коишто за вас ќе значат да си исплатите што е можно повеќе обврски. Вториот дел се државните институции кои директно должат, министерства, јавни државни претпријатија, акционерски друштва, и овде определивме големи пари, многу репрограми, се она што е резерва да се насочува кон комунални услуги.“ истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев оцени дека буџетот е проектиран за да овозможи финансиска и економска стабилизација на државата и изрази силни уверувања дека владата е определена да ја јакне локалната самоуправа што ќе го доближи одлучувањето до граѓаните а и позитивно ќе се отслика на работењето на комуналните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски