(ВИДЕО) Заев: Владата отвора перспективи за нови работни места и повисоки плати на младите

Од:

Премиерот Зоран Заев при денешната посета на Велес на трибина со млади од овој град дебатираше за новите перспективи што новата Влада ги отвора за вработување на младите и мерките за зголемување на платите кои ќе обезбедат достоинствен живот во Македонија.

Како главна преопкупација на Владата, премиерот Заев го посочи креирањето нови работни места за младите луѓе, но не слабо платени работни места туку оние што ќе овозможуваат достоинствена плата со конечна цел таа да изнесува 500 евра до крајот на мандатот. Како што истакна премиерот, тенденцијата е да се алоцираат милиони евра народни пари, кои претходно завршувале или во џебови на политичари, или во недомаќинско работење, сега да завршат во економскиот сектор за одржлив развој на достоинствени плати.

Според Заев, младинската политика на Владата мора да биде приоритет. – Владата мора да ги води правците на отстранување на оваа горчина во перпсективноста на младите, а младите мора да бидат амбициозни да се втурнат директно во она што значи мерки за отворање нови работни места и повисоки плати, рече премиерот Заев.

Тој ја објасни мерката Младинска гаранција и рече дека во Буџетот се проектирани средства насочени за реализација во три сегменти и посочи дека спроведувањето на оваа мерка во Европската Унија од 2013 година бележи успешни резултати.

– Целта на Младинската гаранција е секој млад човек кога завршува со образованието и бара работно место, државата да финансира пари за одреден период од четири, шест месеци, една година за младиот човек да стекне практично искуство, почне со работа, газдата или менаџерот да нема издатоци, а сите заедно добијат перспективност, тоа значи трајно отворање на работни места. За после одредено време младиот човек да остане на работа, да биде квалитетен за компанијата и мотивиран во вкупниот процент на плати што ќе ги зима за креирање на идните перспективи и создавање на семејство, истакна премиерот Заев.

Во однос на оние млади луѓе коишто сакаат да го продолжат своето образование, за магистратури и докторати рече дека државата директно ќе алоцира средства кон факултетите, но исто така ќе постои можност и за оние млади луѓе кои по завршувањето на средното образование сакаат да отпочнат со работа, ќе имаат можност за тренинг и практично искуство.

– Заедно со оваа мерка сакаме да ги охрабриме младите за старт ап бизниси. Сами да отворат свои бизниси, да станат сами свои газди, да не чекаат само да бидат негде вработени. Идеите мора да дојдат од вас младите! Имаме намера да поддржиме по 10.000 евра по млад човек којшто има идеа да отвори минимум за себе работно место, ако отвори плус работни места, дополнителна помош и поддршка може да добие од државата, наведе Заев.

Премиерот истакна дека очекувањата се да се отворат најмногу работни места во приватниот сектор да бидат трајни и доволно стимулативни со повисоки плати за да можат се повеќе млади да се вработуваат во приватните фирми. Како мерка која ќе значи зајакнување на домашните фирми тој го истакна воедначувањето на условите за инвестирање на домашните и странските фирми.

Премиерот Заев ги повика младите луѓе своето внимание да го посветат на Македонија, да останат во матичното огниште затоа што, како што наведе, набргу сите заедно ќе ги почувствуваат ефектите од една квалитетна понуда на државата за отворање на работни места.

– Државата е подготвена во првите шест месеци да обезбеди бруто плата, тоа значи нето плата, здравствено и пензиско осигурување, персонален данок за вработување на младите. Кога барате работа, кажете им го тоа на газдите. Има точно 8 милиони и 500 илјади евра во Буџетот за поддршка на нови работни места, појасни премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов