(ВИДЕО) Заев: Следната недела може да има законско решение за специјалниот обвинител

Од:

Според претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, одлуката за специјалниот обвинител би можела да позната веќе следната недела, односно најдоцна до почетокот, 7-ми или пак 9-ти август. Заев очекува тоа да биде направено уште во понеделник, со што ќе се избере специјален обвинител и ќе има новоформирана обвинителска структура.

„Концептуални се разликите на преговарачките тимови на политичките партии, но се надевам дека ќе бидат надминати најдоцна до самиот почеток на идната седмица, 7-ми, 9-ти. Јас би бил среќен да биде тоа 7-ми, со законско решение преку измени и дополнувања на законот, каде што ќе се избере специјален обвинител во новоформирана обвинителска структура, со неколку заменици, обвинители, стручни служби, со целосна автономија и независност на обвинителот, со можност да избира истражен центар со инспекторите коишто ќе ги бира, со стручни соработници, достоинствена плата, обезбедување на него и на неговото семејство. Сé што ќе гарантира целосна автономија за да тргнат процесите. Убедувањата беа вадени на маса доста денови, поприлично се расчистија правните непрецизности или разноликости помеѓу политичките партии. Денеска, утре, недела се убави денови да објавиме дека законското решение е договорена работа“, изјави Заев во петокот за време на неговата посета на Тетово.

Лидерот на СДСМ додаде дека изборот на специјалниот јавен обвинител е значаен за сите во Македонија бидејќи вака ќе се испратат пораките дека земјата е подготвена за реформи кои ќе водат кон независно правосудство.

„Ние се надеваме дека ќе носат мудри одлуки повисоките судски инстанци, секако ги следиме процесите и со жалбените постапки во делот на Јавното обвинителство. Ставот го кажаа независните експерти, сите претставници на правосудните органи коишто се независни, а тоа е реткост денеска во државата, но го кажаа, не може без да биде издадено решение за отпочната истрага, да има странка којашто ја застапува адвокат Додовски, да поднесе барање за одземање или изземање на доказите од процесот за којшто сеуште не се води истрага во предистражна постапка. Така да, ова како и да се одлучува од страна на повисоките инстанци воопшто не влијае на идните позиционирања на идниот специјален јавен обвинител и Обвинителството околу него“, порача Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски