(ВИДЕО) Заев: Сите ние, заедно, сплотени, можеме да ја вратиме слободата

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во своето новогодишно обраќање на граѓаните им ја честита Новата 2015 година и им посакува добро здравје и спокоен живот.

Еве што порача Заев:

Кога погледите пред полноќ ќе ни бидат насочени кон часовникот што ќе одбројува до преклопувањето на стрелките, во тие моменти што `се нема да се сврти низ мислите.

Изминала уште една година. Едвај ги крпевме месеците. Не одлучувавме слободно. Немаме спокојна индина на децата.

Па се надоврзуваат други мисли.

„Но јас сум добар човек, сакам да сум добар родител и добар граѓанин“.

Не си само ти пријателе што се мачиш.

Тоа сме ние, сите ние, овде во оваа земја, принудно заробени во минатото, во нереални слики за времето што го живееме и крајно неизвесна иднина.

И не дека не си добар родител, или не си добар граѓанин, или не си добар човек.

Затоа што си притиснат под суровоста на системот што треба, но не те штити. Затоа што кога општеството не е тука да ти помогне, сите желби се далечни, а рацете ти се врзани. Ете затоа останала само исконската егзистенцијална потреба што те движи. Да се мине денот, да се мине месецот. Да се преживее, до следната година.

Не се обвинувај пријателе.

И сега не ти се обраќам само тебе. Ви се обраќам на вас, почитувани граѓани.

Кога пред полноќ, ќе одбројувате заедно со часовникот, за да го прегрнете семејството, погледнете околу вас, во домот, во дворот, надвор, по зградите и улиците. Безброј мали светилки даваат шанса за нов почеток.

Сами, не можеме да бидеме добри родители. Но можеме заедно да се избориме за квалитетно образование на нашите деца и за достоинствен живот што ќе ја обезбеди нивната иднина.

Сами е тешко да бидеме одговорни граѓани кон својата земја. Но заедно можеме да застанеме пред неправдите и притисоците и да си ја вратиме одземената слобода.

Не е доволно само ти, само тој до тебе, само јас да сме добри луѓе. Потребни сме си сите еден на друг. Да си подадеме рака, секој секому и така цврсто потпрени еден на друг да влеземе во Новата Година.

Сите ние, заедно, сплотени, можеме да ја вратиме слободата.

И ќе ја оствариме нашата обврска!

Во Република Македонија ќе се образуваат, ќе дебатираат, ќе одлучуваат слободни луѓе.

Република Македонија ќе биде општество на слободни граѓани.

Слободната волја ќе биде неприкосновена.

Секој ќе може да го оствари правото на слободен избор.

Оваа заедничка цел, заеднички ќе ја постигнеме.

Ве повикувам, заедно во Новата 2015 година да го оствариме овој копнеж. Тоа е заеднички копнеж. Заедничка надеж. Може да биде подобро.

Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз ви ја честитам со целото срце Новата 2015 Година, ви пожелувам добро здравје и спокоен живот, на вас и вашите семејства.

Кога ќе се преклопат стрелките на часовниците сите наши желби нека се претопат во моќна светлина што ќе го осветли патот. Нашиот заеднички пат. Кон светла иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Горан Наумовски

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија