(ВИДЕО) Заев и Шекеринска на состанок на ПЕС во Брисел: Отворени се перспективите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска, денеска учествуваа на состанокот на Партијата на европските социјалисти (PES) што се одржа во Брисел.

Претседателите на партиите на социјалистите и на социјалдемократите го поздравија Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за прашањето за името и за стратегиско пријателство, и го оценија како европски, за начинот на кој е постигнат и за перспективите што се отворија за Република Македонија со датумот за преговори и за поканата за НАТО која се очекува да се ефектуира на претстојниот Самит на алијансата во Брисел.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изрази благодарност за поддршката на колегите од ПЕС, особено на Федерика Могерини и на Алексис Ципрас, и истакна дека со прогресивни лидери какви што има во редовите на ПЕС и најсложените прашања имаат решение, и побара поддршка и во периодот на спроведување на договорот.

Претседателот на Сириза, Алексис Ципрас пред колегите од ПЕС го оцени како историски договорот со Република Македонија и се заблагодари на претставниците на европските социјалдемократи и социјалисти што во континуитет го поддржува процесот што му претходеше на договорот.

На состанокот со кој претседаваше претседателот на ПЕС Сергеј Станишев, и на кој присуствуваа повеќе шефови на влади и претседатели на партии, претставниците на партиите членки на ПЕС разговараа за актуелните прашања од интерес на граѓаните на Европа. Едно од централните прашања што бара соодветен одговор се мигрантските движења и лидерите на партиите со социјалистички и социјал-демократски предзнак се согласија дека треба да се издвојат како приоритетни.

На состанокот на ПЕС се разговараше и за можните реформи на Европската монетарна унија, како превентива од идни финансиски кризи како што беше претходната од која последиците се почувствуваа во повеќе европски земји.

На состанокот преовлада ставот дека пред социјалдемократските и социјалистичките партии стои одговорноста да се обединат околу основните принципи како што се солидарноста и социјалната правда, како одговор на финансиските и безбедносните прашања во Европа.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат