(ВИДЕО) Заев: Републиката опустошена од фамилијарната банда повторно ќе ја изградиме согласно илинденските идеали

Од:

Веќе со години во Македонија е наметната една лажна привидна поделба на партизани и комити со цел едната партија да се поврзе со наследството на броците од првиот Илинден, а другата со востаниците од вториот Илинден.

dobivaj vesti na viber

Не постои таква поделба. Нема поголем доказ од фактот дека партизанските одреди ги носеа имињата на илинденските дејци Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Никола Карев.

Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба, и во минатото и денес, постоел и постои само еден идеал, слободна Македонија во којашто достоинствено ќе живеат сите нејзини граѓани.

Единствената поделба што е реална денес е на арамии и на ограбени од арамиите.

За среќа арамиите се малку и ќе бидат многу брзо поразени.

Републиката којашто е во пламен и опустошена од оваа мала фамилијарна банда повторно ќе ја изградиме согласно илинденските идеали.

Набргу ќе има и правда и правдина. И право и права. И просперитет и иднина. Идеалите се исти само оружјето е сменето. Некогаш нашите предци битката за слобода ја водеа со пушки со топови. Денес најмоќното оружје е гласот на граѓанинот. Го слушаме тој глас, кренат и бунтовен низ улиците веќе со месеци. Се крена народот против арамиите, а за подобар живот. Многу бргу тој глас ќе се преточи во гласачки ливчиња и во победа на илинденските идеали за слободна, демократска и просперитетна Македонија.

Оваа наша република нема веќе да е вилает на фамилијата на власт, туку ќе му припаѓа на граѓанинот на Р.Македонија.

Ако можеше Македонија многу пати да се крева од пепелта ќе се крене и денес.

Дали сме ги исполниле соништата на борците од сите илиндени, на нашите знајни и незнајни јунаци, денес се мери според квалитетот на животот.

Ако знаеме дека платата во Македонија е најниска од целиот Балкан, а невработеноста највисока, тогаш треба да се исправиме пред вистината и да кажеме дека ваква Македонија не е татковината за којашто мечтаеле илинденците, ниту за ваква Македонија мечтаат новите генерации.

Затоа нам ни треба нов четврти Илинден во којшто ќе се обединиме одново без разлика на вера, народност, пол и убеденија. Заедно, браќа, сестри, земјаци и комшии како што е запишано и во Крушевскиот манифест, ќе се избориме за право, слобода и за социјална правда.

Денес, не повикуваме слобода или смрт, туку и слобода и живот, затоа што денес знаеме дека тоа е остварливо.
Го посетив денеска и гробот на нашиот музички великан од овој град Тоше Проески и сакам да завршам со стих од една негова песна “И секогаш по дождот иде сонце“.

На прашањето дали со тврдењето дека нема разлика помеѓу комити и партизани, значи дека во секој Македонец лежи по еден дел вмро-вец или комунист, Заев одговори:

Се согласувам, во секој Македонец, во секој граѓанин на Македонија, лежи по еден партизан и по еден комита, затоа што и во Илинден беа сите наши националности, сите етнички припадности во нашата Македонија, и во партизанските одреди исто така. Оваа наша грутка земја е заедничка татковина на сите нас и заедно треба да се бориме за неа и да ги постигнеме идеалите токму на двата илиндени, а тоа се секако слободна земја со демократски институции, правото и правдата да важат за сите, земја каде што граѓаните ќе имаат достоинствен живот под еднакво за сите.

Би можело да ве интересира

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Пензионер од Крушево нападнал сосед и полицаец

Изложба и ди џеј сет, вчера проекција на „Хомо“

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен: Очајната власт не го пушти народот што не е за СДСМ на прославата

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Песната „Во борба, во борба“ во Крушево изведена без строфата за Гоце Делчев и фашистите

Македонија го слави Илинден

Катерина Павлова-Николовска