(ВИДЕО) Заев: Првите постапки ќе бидат за изборните измами

Од:

24. април нема да биде денот на избори. Веќе ништо не зависи од Груевски, рече вечерва пред жителите на Капиштец, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Капиштец, рече, кој и покрај сите опструкции се гради, е доказ како се крадеа изборите во 2013 година.

„Не случајно Груевски стави потпис за формирање на Специјално обвинителство. Му насадивме гнездо внатре и тој тоа го заслужи. Затоа се вака како бесни хиени насочени против обвинителството. И затоа да ги охрабриме по Устав и по Закон да опстојат и да си ја завршат работата, што побргу, тоа е подобро. Слушате сите, дека првите постапки ќе бидат врзани за изборните измами, а Центар покажа како власта сакаше да ја погази слободата на гласовите. Формирани се две независни институции- Специјалното јавно обвинителство и ДИК. Од нив зависи кога ќе заврши прочистувањето на избирачкиот список. Затоа сме сериозни и тврдокорни. Немаме ниту еден член кој вели дека треба да одиме на избори на 24 март. Деновите се бројат. На прашање на жителите на Капиштец дали Специјалното јавно обвинителство ќе излезе со некаков резултат од истрагата, Заев кажа дека до 15 март мора да има резултати од работата на СЈ.

-А не да се виновни, виновни се и тоа како. Најбрзо очекуваме да има резултати“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните