(ВИДЕО) Заев: Приклучете се на маршот „Чекориме до правда“

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на утрешниот марш за правда „Чекориме за правда“ во организација на СДСМ.

„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава.

Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата.

Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”.

Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот.

Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда“ повика Заев.

„Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ”, заклучи Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО