(ВИДЕО) Заев со Села и Мемеди: На 24 април не се возможни избори

Од:

Претседателите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и на Движењето за реформи-ДПА, Зијадин Села на заедничка средба со лидерот на СДСМ, се согласија дека е невозможно да се одржат избори на 24 април.

-Сакаме да ги информираме граѓаните дека оваа заеднички иницирана средба е во духот на потврда на нашите заеднички ставови, веќе соопштени пред јавноста, а тоа е дека сите заедно стоиме на гледиштето дека на 24 април е невозможно да се оди на избори, заради неисполнетост на условите, но и истовремено ми е драго што заедно негуваме ставови дека императив за иднината на Република Македонија се фер, регуларни, демократски и слободни избори, изјави Зоран Заев.

„Тоа не е возможно без прочистување на Избирачкиот список и тоа не е возможно без доволно медиумски простор за фер политички натпревар помеѓу сите конкуренти во политичката битка на престојните избори. Се надеваме дека сето ова ќе биде исполнето  за да може и опозицијата да партиципира на избори преку коишто секако, ќе се гарантира стабилност на Република Македонија, полн легитимитет на победникот и она што Европската У нија го очекува од нас, а е веќе нотирано во Извештајот за Република Македонија  – опстојување на препораката за почеток на преговори со конечната цел, фер, регуларни и демократски избори“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“