(ВИДЕО) Заев: Пишев не може да ги прочита, а не да ги реализира проектите во Дабиле

Од:

Зоран Заев кандидат за градоначалник на општина Струмица ја побара поддршката од жителите на селото Дабиле. Среде село полно со луѓе тој ги презентираше сите реализирани 42 проекти за кои од општинскиот буџет се потрошени 440 илјади евра. Нов водоводен систем, целосна реконструкција на училиштето, асфалтирање на улици, тротоари, паркови… се само дел од проектите кои му го дадоа новиот лик на селото.

„Васил Пишев не може да ги прочита, а не да ги реализира овие проекти. Нека ми кажат тие од ВМРО ДПМНЕ, една работа што ја имаат за Дабиле направено. Јас 15 минути читав проекти, за секој проект треба многу работа и пари, праша некој од кај најде Заев пари, менаџираше со општината за да реши повеќе проблеми, луѓето имаа заборавено да се работи во селата, беа заборавени нашите струмички села.

– Еден проект нема за Дабиле со кој можат да се пофалат и да излезат на избори, само доаѓаат и лажат. Нивниот изборен слоган вели „избери дела“, па има ли негде повеќе дела од општина Струмица, нека кажат дела во Дабиле и затоа Струмица и Дабиле ќе гласаат за дела и ќе ги победиме толку силно што ушите има да им бучат една недела од резултатот во Дабиле“, рече Заев.


Пред жителите на Дабиле зборуваа и кандидатот за претседател на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски и Наташа Иванова кандидат за член на Советот од истото село.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ